Сопственичката на Аптеки Бела Фарм, Катерина Арсовска денес извести дека сите аптеки на ПЗУ Бела Фарм работат со Фондот за Здравствено Осигурување на Македонија со што лекови на товар на фондот пациентите може да добијат на 2 локации во Кавадарци и 2 локации во Неготино.



Бела Фарм станува пример за квалитетна фармацевтска грижа и поставува нови стандарди преку советодавна дејност која всушност претставува и најквалитетна разлика помеѓу Бела Фарм и останатите чинители на фармацевтската дејност во регионот.



Бела фарм покрај дејноста во четирите локации континуирано издава и статии со професионални фармацевтски совети, информативни видео прилози на најразлични теми за превенција и третман на чести здравствени состојби, а пациентите се секогаш услужени во една од четирите локации каде можат да добијат совети, како и бесплатно да ја проверат својата телесна состојба со мерење на крвниот притисок, мерење на нивото на шеќерот во крвта и добивање на параметри кои се корисни во натамошната регулација на здравствената состојба! 

Погледнете ја веб страната на ПЗУ Бела Фарм на belafarm.mk, овој информативен блог или пак youtube каналот на Бела Фарм Здравје за да ги погледнете информативните прилози кои ги подготвува фармацевтскиот тим на ПЗУ Бела Фарм!